
Шестата трка од овогодинешната серија на ИндиКар беше Индијанаполис 500, која се одржа по вкупно сто и шести пат во историјата.
Истата, за првпат во својата кариера, ја освои поранешниот возач на Формула 1 – Маркус Ериксон.
Ериксон е само вториот Швеѓанец, кој победил на оваа фамозна патека, односно прв после Кени Брек во 1999.
На три кругови пред крајот, инцидент што резултираше со прекин имаше Џими Џонсон, а по рестартот, Ериксон успешно се одбрани од нападите на Пато О’Ворд, оставајќи го на второто место.
Подиумот на ,,Индијанаполис Мотор Спидвеј” го комплетираше Тони Кенан, а во првите петмина се најдоа уште Феликс Росенквист и Александер Роси.