
Оклахома Сити Тандер, покрај серијата од 23 порази на последните 25 пресметки, успеаја да ја завршат сезоната со крајна победа.
Имено, Тандер, во последниот меч од регуларниот дел, како потполни аутсајдери, ги совладаа ЛА Клиперс со 117-112.
Оклахома имаше солиден старт и после 20 минути игра успеваше да ја држи резултатската позитива на своја страна.
Во второто полувреме, втората постава на Клиперс водеше со едноцифрен број на поени, но потфрли во самиот финиш.
Од домашниот состав, најефикасен беше Алексеј Покушевски со 29 поени, а дабл-дабл запишаа Џош Хол (25 поени и 10 скокови) и Мосес Браун (24 поени и 18 скокови).
Кај Клиперс, најпрецизен беше Теренс Ман со 19 кошеви, а дабл-дабл од 13 кошеви и од 12 скокови забележа Даниел Отуру.
На табелата на Западот не се случија никакви промени: Клиперс (47-25) останаа на третото, а Оклахома (22-50) на претпоследното место.



