
Њујорк Ајландерс го започнаа овосезонскиот плејоф со триумф после продолжение од 3-4 над Питсбург Пенгуинс.
После првата третина, резултатот гласеше 1-1, откако за Ајландерс погоди Кајл Палмиери, а за Питсбург – Фредерик Годро.
Во вториот дел, единствен голгетер беше искусниот Сиднеј Кросби, кој го комплетираше пресвртот на Пенгуинс.
Сепак, во третиот период, беше направен уште еден пресврт, откако Жан-Габриел Пажо и Брок Нелсон стрелаа за 2-3 во корист на тимот од Њујорк.
До крајот, Каспери Капанен избори продолжение со голот за 3-3, а триумф на Ајлендерс им донесе гореспоменатиот Палмиери, кој погоди по вторпат на мечот после речиси 17 дополнителни минути.



