Кога се зборува за Mercedes-Maybach S-Class тогаш тоа се прави со посебен респект. Англиските мајстори за луксузни лимузини се под вистински удар бидејќи пристигна најсофистираниот Mercedes направен да даде максимум во секој аспект.
Секако сека е особено погоден и препорачливо е да ве вози шофер поради подолгото меѓуоскино растојание од 18 см во споредба со долгата варијанта на Mercedes-Benz S-Class. Тоа укажува дека фокусот е на задниот дел и на патниците кои ќе седат таму.
Има подесување на индивидуалните седишта со интегрирана функција за масажа и греење на вратот и рамињата што се нови ставки во понудата кои ја зголемуваат удобноста. За безбедноста се грижат 18 воздушни перничиња, а на високо обучениот шофер му помага најрафинираната електроника и системи за безбедност.