Крилото на Вардар, Тимур Дибиров синоќа против Келце успеа да стигне до бројката од над 900 постигнати голови во Лигата на Шампионите.
Пред Дибиров на листата на најдобри стрелци се капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, кој со 1345 голови е рекордер во Лигата на Шампионите , пред Никола Карабатиќ (1089) и Момир Илиќ (969).