
Во рамките на синоќешната МЛБ програма, Тампа Беј Рејс ги поразија Питсбург Пиратес со 6-5.
После шестиот ининг, ,,Пиратите” водеа со 3-5, но допуштија три поени во последните два периоди и им овозможија победнички пресврт на ривалите.
За гостите од Пенсилванија, хоум-ран постигнаа Диего Кастиљо и Џек Сувински, а по четири бази освоија Мајкл Перез, Даниел Вогелбах и Блиг Мадрис.
На спротивната страна, во листата на поентерите се запишаа Тејлор Волс, Ренди Арозарена, Џош Лоу, Ајзак Паредес, Џи-Ман Чои и Видал Брухан.
Во Американската лига, Рејс (39-32) го заземаат петтото место, додека Пиратес (29-42) се дванаесетти во Националната конференција.