Пливачки и Триатлон клубот 3ДИСЦИПЛИНИ од Струга со само 8 деца од тимот
Тија Кукунешоска,
Олса Орани
Миа Мачоска
Марко Шаврески,
Дамјан Бежаноски,
Хади Исмаилоски,
Јован Кутаноски,
Симеон Јованоски, од вкупно 60 првотомци, викендот го завршија со голема жетва од медали.
Во само 2 дена не само успешно,туку феноменално завршија 3 натпревари.
Веќе во петокот бевме дел од Државното првенство во хронометар во Стоби, со нашиот велосипедски клуб “ШАМПИОН СИСТЕМ” каде што освоивме едно второ и едно трето место .
Во саботата во 8:00 имавме пливачки ДЕЛФИН КУП во Скопје каде што се освоија 2 трети места едно второ и едно прво.
Па одма се продолжи со патовањето и повторно во Стоби,учествувавме на Држабното друмско првенство каде што освоивме повторно второ и трето место.
Следуваат лесни тренинзи оваа недела и наредни натпревари веќе наредниот викенд Триатлон и акватлон во Ријека,Хрватска ,па пливачки маратон во Преспа и за крај на наредната недела следува Државното првенство во пливање во Охрид.




