
АК Барс Казањ ја запишаа втората овосезонска победа, откако после продолжение го совладаа Адмирал Владивосток со 2-1.
Во првата третина, Александер Радулов погоди за водство на домаќините, а во вториот дел, Александер Горшков израмни на 1-1.
Во продолжението, победа на АК Барс му донесе Вадим Шипачјов, кој реализираше на две секунди пред звукот за потенцијалните пенали за дебитантскиот гол во новата средина.
Важен за триумфот на домашниот состав беше голманот Тимур Билјалов, кој запиша 34/35 одбрани (97,14%).
Во Источната конференција, АК Барс скокна на второто, а Адмирал падна на седмото место.