Синоќа, по вторпат во два дена, во рамките на регуларната МЛБ сезона, силите ги одмерија ЛА Анџелс и Сиетл Маринерс.
Првиот меч заврши со 2-6 во корист на Маринерс, но, на вториот, ,,Ангелите” го возвратија ударот и славеа со 3-2.
После два и пол ининзи, Сиетл имаше предност од 0-2, откако Џеј Пи Крофорд забележа хоум-ран, а Тејлор Тремел освои четири бази.
Сепак, домаќините успеаја да направат целосен пресврт до крајот на четвртиот период со базите на Дејвид Флечер и со хоум-раните на Џастин Аптон и на Хозе Рохас.
Неверојатен меч за составот од Калифорнија одигра фрлачот Шоеи Охтани, кој за првпат во кариерата освои десет страјк-аути без допуштен поен.
На табелата на Американската лига, Маринерс (29-30) го држат десеттото, а Анџелс (26-31) – единаесеттото место.