Винипег Џетс, иако влегоа во четврт-финалето како благи фаворити, сепак губат со вкупни 2-0 од Монтреал Канадиенс.
Синоќа беше одигран нивниот втор дуел од меѓусебната серија, кој Монтреал го доби со минимални 0-1.
Стрелец на единствениот погодок беше Тајлер Тофоли во втората минута од втората третина, додека неговиот тим имаше играч помалку.
Фантастичен на голот на победничкиот состав беше Кери Прајс, кој дојде до првиот шут-аут во тековниот плејоф со 30/30 одбранети удари.