Автомобилист Екатеринбург, по четирите последователни победи, го запиша вториот пораз во низа, откако денес загуби со 2-3 после продолжение од ЦСКА Москва.
После 27 минути игра во ,,Уралец Арена”, домаќините водеа со 2-0, благодарение на головите на Рајан Спунер и на Стефан Да Коста.
До крајот на регуларниот дел, гостите од Москва успеаја двапати да ја затресат мрежата на Владимир Галкин преку Сергеј Плотников и Константин Окулов.
После три и пол минути игра во дополнителниот дел, победата на ,,Армејците” им ја донесе Михаил Григоренко, во момент кога неговиот тим имаше играч повеќе на ледената плоча.
Во Западната конференција, ЦСКА скокна на второто место со новите два поени, додека Автомобилист ја држи четвртата позиција на Истокот.