
Последниот спуст од Светскиот куп во алпско скијање во машка конкуренција се одржа денес во италијанскиот Бормио.
На него, до втората овосезонска победа дојде Австриецот Винсент Крихмајер, кој ја помина патеката ,,Стелвио” за 1:54,68 минути.
На второто место се искачи Канаѓанецот Џејмс Крофорд (+0,40), кој дојде до третиот подиум во кариерата, а третопласиран беше Александер Омодт Килде (+0,68).
Лидерот во генералниот поредок, Марко Одермат (+1,46), заврши на четвртото место, пред петтопласираниот Рајан Кохран-Сигл (+1,87).
Во продолжение, во првите десет се најдоа уште: Урс Крајенбил (+1,88), Жистин Муризие (+2,17), Жил Рулан (+2,18), Матија Касе (+2,24) и Доминик Парис (+2,29).