
Микаела Шифрин победи и на вториот велеслалом во австрискиот Семеринг, запишувајќи ја својата трета победа во низа и втора во само два дена.
Американката (2:03,51) беше најбрза после двете серии на ,,Панорама” и со новите сто поени, дополнително го зголеми водството во генералниот пласман.
Лидерката после првиот дел, Лара Гут-Бехрами (+0,10), го освои второто место, а Италијанката Марта Басино (+0,47) беше трета.
За само три стотинки, подиумот и’ побегна на Федерика Брињоне (+0,50), а Валери Грение (+0,85) и Марина Гасиеница Даниел (+0,92) беа последни со заостаток под една секунда.