Екипата на Шамрок Роверс е новиот ирски фудбалски шампион. За момците од ,,Талахт Стадиум”, ова е вкупно рекордна осумнаесетта титула и прва после 2011 година.
Клучен меч за ,,Зелено-белите” беше денешниот дуел помеѓу Бохемијанс и Фин Харпс.
Имено, Фин Харпс запишаа екстремно важна победа што им обезбеди плејаут за опстанок, совладувајќи ги најголемите ривали на новите шампиони со 0-2.
На овој меч, двоен стрелец беше Марк Расел (45+3′ и 51′).
Со новите три поени на Фин Харпс, дефинитивно во втората лига ќе се пресели Корк Сити.