Локомотив Јарослављ го запиша својот осми последователен триумф, откако денес го совлада Нефтехимик од Нижњекамск со 1-5.
Домаќините поведоа во четвртата минута преку Либор Худачек, а во продолжение, Локомотив, со ,,петарда”, го заврши мечот.
Стрелци за тимот од Јарослављ беа Антон Ландер (х2), Андре Петерсон, Алексеј Марченко и Николај Коваленко.
И покрај новите два поени, Локомотив останува трет на Истокот, додека Нефтехимик е претпоследен во Западната конференција.



