
Дербито на четиринаесеттото коло, а според многумина и дербито на сезоната во АФЛ, го одиграа Џилонг Кетс и Вестерн Булдогс.
На него, до шестата победа во низа дојде Џилонг, кој славеше минимално со (12.11) 83-78 (11.12).
Во текот на цел натпревар, резултатот беше изедначен што само навестуваше возбудлив финиш во кој подобро се снајдоа популарните ,,Мачки”, со голот на Гери Роан после звукот на сирената.
Од победничкиот состав, по 14 поени, односно по два гола и по два бихајнди, постигнаа Џереми Камерон и гореспоменатиот Роан.
На спротивната страна, ист учинок имаше Ентони Скот (2.2), а најефикасен од сите беше Џош Брус со постигнат хет-трик (3.1).
Со новата победа, Џилонг се израмни на второто место со денешните ривали, откако после 13 средби собраа по 40 бодови.