По интернационалната Т20 серија помеѓу Англија и Австралија, следува серијата во еднодневен крикет.
Имено, вчера беше одигран првиот меч што Австралија го доби со 275/9 (50) – 294/9 (50).
Во победничкиот состав, од удирачите, најефикасни беа Митчел Марш (73 поени) и Глен Максвел (77 поени), а од фрлачите, најдобар беше Адам Зампа (4-55).
Во англискиот состав, најмногу се истакнаа Џони Беирстоу (84 поени) и Сем Билингс (118 поени), а од фрлачите, најсолиден учинок имаа Марк Вуд (3-54) и Џофра Арчер (3-57).
Вториот еднодневен натпревар од тековната серија, двете екипи ќе го одиграат во недела (13 септември).