Тринбаго Најт Рајдерс ја освоија КПЛ (Карипската Премиер Лига) по четврти пат во историјата, откако вчера, во финалето, беа подобри од Ст. Луција Зукс со 154/10 (19.1) – 157/2 (18.1).
Во полуфиналето, Тринбаго ги порази Јамајка Талавахс, а Ст. Луција брзопотезно ги реши Гвајана Амазон Вориорс.
Во финалето, кај Зукс, најефикасен беше Андре Флечер со 39 поени, а од фрлачите, најдобар учинок имаше Ростон Чејс (1-13).
Во победничкиот состав, Лендел Симонс (84 поени) и Дерен Браво (58 поени) беа најефикасни при удирањето, додека најдобар фрлач беше Кирон Полард (4-30).