
Низата од четири загубени средби на Синсинати Редс, синоќа беше завршена, откако момците од Охајо славеа над Питсбург Пиратес со минимални 0-1.
Овој дуел беше трет од четвртата овосезонска меѓусебна серија и вкупно десетти во 2021, на кој триумфираа Редс.
Единствениот поен на натпреварот падна во седмиот ининг, кога Делино ДеШилдс освои четири бази по ударот на Асдрубал Кабрера.
Од фрлачите на победничкиот состав, Тајлер Мели запиша четири страјк-аути, а по два, на своето конто додадоа уште Лукас Симс, Мајкл Лоренцен и Мајкл Гивенс.
Питсбург (54-92), без разлика на резултатот, остана на претпоследната позиција на Националната лига без никакви шанси за плејоф, додека непосредно по натпреварот, Синсинати (76-71) скокна до шестото место.



