Екипата на Еурофарм Пелистер 2 составена со 90% млади македонски ракометари втора година со ред го игра најубавиот ракомет во Македонија за око. Покрај тоа што изгледа убаво за око носи и резултати.
Минатата година тимот на Александар Јовиќ се пласира во плеј-офот на Суперлигата каде прикажа одлични партии против гигантите Вардар, првиот тим на Еурофарм Пелистер, Металург, силните Бутел, Пролет, Охрид, Струга…. Во вчерашниот натпревар овие млади момци тоа само го потврдија со победата против засилениот Бутел.
Селекторот Лазаров добива готов производ на кој ќе може да смета во репрезентацијата во Цветан Кузманоски, браќата Атанасијевиќ, Арсеновски, новите засилувањеа Ѓорговски, Димитар Димитриовски и уште неколку млади ракометари. Квалитетните натпревари против силни противници во Суперлигата и одличната работа од страна на Јовиќ и неговиот тим ќе го подигнат уште повеќе квалитетот на овие млади ракометари.



