
После двете загубени серии од Чикаго Кабс и од Ст. Луис Кардиналс, Питсбург Пиратес добија два меча против Колорадо Рокис.
Во третиот меѓусебен дуел, кој ја однесе серијата во Пенсилванија, ,,Пиратите” триумфираа со резултат од 10-5.
После три и пол ининзи, Рокис имаа навидум сигурни 4-0, но до крајот, домаќините славеа благодарение на низата од 10-1.
За гостите, хоум-ран постигна Си Џеј Крон, а освен него, со трчање поентираа уште Рајан МекМен, Рендал Гричак и Јонатан Даза.
Од противничкиот табор, во листата на поентерите се запишаа Тајлер Хајнеман, Брајан Рејнолдс (х2), Мајкл Чавис, Родолфо Кастро, Џек Сувински (х2), Кал Митчел, Бен Гамел и Џош ВанМетер.
Во Националната лига, Колорадо (20-23) падна на десеттата позиција, додека Питсбург (18-25) остана на тринаесеттото место.