
Одбојкарките на Вакифбанк ја освоија петтата европска круна во својата историја, откако го поразија составот на Конељано со 3-1.
Во големото финале на Лигата на шампионите, турските претставнички беа подобри од италијанските со резултат по сетови: 25-22, 25-21, 23-25 и 25-21.
На овој начин, Вакифбанк му се одмазди на големиот ривал за поразот во финалето на ЛШ од минатата сезона од 2-3.
Кај поразениот состав, Паола Егону беше убедливо најефикасна со одлични 39 поени.
На спротивната страна, најрасположени во нападот беа Габи Гуимараеш со 23 и Изабел Хаак со 19 поентирања.
На патот до финалето, Вакифбанк ги порази Ржежов и Фенербахче, додека Конељано беше подобар од Монца и имаше отворен пат поради дисквалификувањето на руските екипи.