
Пред само една недела, екипата на Закса Кеджиержин-Козле стана национален одбојкарски шампион на Полска.
Веќе денес, избраниците на Георге Крету се здобија и со европски наслов, откако ја одбранија титулата во Лигата на шампионите.
Во овогодинешното финале во Љубљана, Закса неочекувано лесно го порази Трентино со вкупни 3-0 или по сетови 25-22, 25-20 и 32-30.
Од поразениот состав, најефикасни одбојкари беа Матеј Казијски со 16 и Алесандро Микиелето со 13 поени.
На спротивната страна, најрасположени во офанзивата беа Камил Семениук и Лукаш Качмарек, кои запишаа 27, односно 13 поентирања.
Во четвртфиналето, Закса имаше слободен пат поради дисквалификувањето на Динамо Москва, а во полуфиналето го доби новиот полски вицешампион – Јастржебски Вегиел.
Од друга страна, на патот до финалето, Трентино ги елиминира БР Волејс од Берлин и Перуџа.