
Бостон Бруинс го обезбедија петтото место во Источната конференција, откако синоќа ги совладаа единаесеттите Бафало Сабрес со 5-0.
За Бафало, ова беше шести меѓусебен пораз во низа, кој воедно ја прекина позитивната серија од четири врзани триумфи.
На мечот, гостите упатија 37 шутеви, но сите од нив беа запрени од нивниот поранешен голман, Линус Улмарк, кој дојде до првиот шут-аут во дресот на Бруинс.
Од друга страна, хет-трик за Бостон постигна Патрис Бержерон, а по еднаш во листата на стрелците се запишаа Давид Пастрнак и Тејлор Хол.




