
Лидерите на Западот, Феникс Санс, се пласираа во конференциското полуфинале, откако во првата фаза од плејофот ги елиминираа Њу Орлеанс Пеликанс со вкупни 4-2.
Во шестиот меѓусебен натпревар, Санс триумфираа на гостински терен со резултат од 109-115.
Во поголемиот дел од мечот, предноста беше на страната на Њу Орлеанс, но кошаркарите на Феникс ,,стегнаа заби” во последната четвртина.
Кај Пеликанс, Брендон Инграм уфрли дабл-дабл од 21 поен и од 11 асистенции, а Си Џеј МекКолум додаде уште 16 кошеви.
На спротивната страна, најефикасни поединци беа Деандре Ејтон со 22 и Крис Пол со 33 поентирања.
Во наредната рунда, Феникс ќе ги одмери силите со Далас Маверикс, кои беа подобри од Јута Џез со 4-2.