
Саут Сиднеј Рабитохс испуштија шанса да изборат сигурен плејоф со денешниот пораз од Пенрит Пантерс од 22-26.
Во првото полувреме од првиот меч на дваесет и третото коло, двете екипи пружија изедначена игра при која, бројките на семафорот на паузата гласеа 12-12.
Во второто полувреме, ,,Зајаците” поведоа со 22-20, но во последните пет минути, актуелните шампиони врзаа шест поени и го поставија конечниот резултат.
За победничкиот состав, Стивен Крајхтон (3′) имаше вкупно четиринаесет поени, а по еден есеј додадоа уште Дилан Едвардс (27′), Спенсер Лениу (53′) и Лиам Мартин (78′).
На спротивната страна, задолжен за шутевите беше Латрел Митчел, а топката во противничката енд-зона ја внесоа Алекс Џонстон (17′, 69′), Коди Вокер (35′) и Кемпбел Греам (61′).
На табелата, Пенрит го обезбеди првото место, додека Саут Сиднеј е петти, но со натпревар повеќе во однос на конкурентите.




