После првите три кола од англискиот Чемпионшип, Блекбурн беше единствен тим со стопроцентен учинок од три победи.
Сепак, во четвртото коло, избраниците на Јон Дал Томасон запишаа неочекуван пораз од Рединг со резултат од 3-0.
Во првото полувреме, единствен стрелец за ,,Ројалс” беше Том МекИнтаер, а во вториот дел успешно реализираа уште Џуниор Хоилет (61′) и Лукас Жоао (78′).
На табелата и покрај поразот, Блекбурн остана на врвот, а Рединг скокна на осмото место.