Вториот вчерашен дуел во КХЛ го одиграа екипите на Салават Јулаев Уфа и на Сибир Новосибирск.
Во пресрет на средбата, двата состави имаа променлива форма со наизменично варирање на победите и на поразите.
Во првата третина, Сибир поведе со 0-2, преку головите на Илја Морозов и на Јуусо Пуустинен.
Во вториот период, Уфа израмни на 2-2, благодарение на Илја Баранов и на Михаил Воробјов, а до следната пауза, Олег Ли повторно му ја врати предноста на клубот од Новосибирск на 2-3.
Во третиот дел падна само еден погодок што беше изедначувачки за ,,Зелените”, а истиот го постигна Баранов, кој по вторпат на мечот се запиша во листата на стрелците и го однесе мечот до продолжение, односно до пенали.
На пеналите, единствен хокеар што постигна гол беше Родион Амиров, кој уште при првиот шут му ја донесе победата на Салават Јулаев од 4-3.
После овој натпревар, Салават е четврти тим на Истокот, додека Сибир се наоѓа три позиции подолу.



