Синоќа, екипата на Атланта Брејвс стана првиот полуфиналист во МЛБ, откако го доби и третиот натпревар од четврт-финалната серија со Мајами Марлинс за конечни 3-0.
Брејвс триумфираа на последниот меч со убедливи 7-0, забележани во третиот, во четвртиот и во петтиот ининг, притоа без постигнат хоум-ран.
Неверојатен учинок повторно имаа фрлачите, односно, од нив, најмногу се истакна Кајл Рајт, кој за шест ининзи, дозволи само три удари и направи седум ,,страјк-аути”.
Во досегашниот тек на плејофот, Атланта нема загубено натпревар, а на своите противници им дозволи да постигнат вкупно само пет поени. Сите пет поени ги забележа Мајами во првиот меѓусебен меч, кој заврши со 9-5 во корист на Атланта.
Во полуфиналето, Брејвс ќе го чекаат победникот од дуелот помеѓу ЛА Доџерс и Сан Диего Падрес.



