
Во единствениот денешен натпревар, а воедно и дербито на финската Лиига, Пеликанс славеа над Тапара во Тампере со 2-4.
Во првата третина, ,,Пеликаните” дадоа два гола преку Петери Риихинен и Миика Роине, а Јони Иконен промаши пенал, добиен по големата недисциплина на Тапара, вредна за дури седум дисциплински казни.
Сепак, домаќините израмнија на 2-2 во вториот дел, кога мрежата на Патрик Бартошак ја затресоа Јори Лехтера и Џеф Плет.
До крајот, клубот од Лахти повторно ја растажи домашната публика, откако Саке Хамалаинен и Елијас Вилен го поставија конечниот резултат.
На табелата, Пеликанс го држат второто место, додека Тапара се наоѓа на третата позиција.