
Во саботната програма на финската хокеарска Лиига, Пеликанс го надиграа тимот на КооКоо со 1-4.
,,Пеликаните” имаа клучно водство од 0-4 после две третини, кога прецизно стрелаа Тајлер Келер, Иика Кангасниеми и Ото Кивенмаки (х2).
Во третиот период, почесен погодок за домаќините постигна Оскари Манинен, кој беше единствен што успеа да го совлада Јаспер Патрикаинен (96,97% одбрани).
На табелата, Пеликанс избија на врвот, а КооКоо остана на претпоследната позиција.