
На третото овосезонско натпреварување од Светскиот куп во ски скокови во женска конкуренција до победата дојде Катарина Алтхаус.
За Германката, која беше доминантна на малата скокалница во Лилехамер, ова беше деветти триумф во кариерата и прв после точно една година.
Водечката во генералниот поредок, Ева Пинкелних, го зазеде второто место, а како третопласирана заврши Марита Крамер.
На четвртата позиција, со неполни три поени заостаток во однос на пиедесталот, се пласираше Абигејл Стрејт, а најдобра Словенка беше петтопласираната Урша Богатај.