
Иако релативно лесно поведе со вкупни 2-0, Тапара го запиша и првиот пораз во финалната серија на финската Лиига.
Во третиот натпревар, претставниците на Тампере загубија на домашен терен од Пеликанс со 1-4.
После две третини, ,,Пеликаните” водеа со 0-2, а дефицитот на домаќините го намали Вели-Мати Савинаинен на стартот на третиот период.
До крајот, гостите забија уште два погодоци, а сите стрелци, по хронолошки редослед, беа Тони Утунен, Конста Хирвонен, Иика Кангасниеми и Лукаш Јашек.