
Во календарската 2023 година, КПР има само две победи и ја поседува најлошата форма во Чемпионшип во истиот интервал.
Токму вториот триумф на ,,Ренџерите” во изминатите четири месеци дојде на најнеочекуваното место.
Имено, избраниците на Герет Еинсворт славеа со 1-2 на гостувањето на ,,Тарф Мур” кај новиот премиерлигаш Барнли и скокнаа на осумнаесеттото место на табелата.
Во педесет и осмата минута, Сем Филд им донесе водство на гостите, а подобрата игра на Барнли ја круниса Мануел Бенсон (76′), израмнувајќи на провизорни 1-1.
Сепак, трите бодови на клубот од Лондон им ги обезбеди ветеранот Крис Мартин (87′) на три минути пред крајот по асистенција на Џамал Лоу.