
ЛА Ремс дојдоа до вториот Супер Боул наслов во својата историја, откако во големото финале ги совладаа Синсинати Бенгалс со 23-20.
После првото полувреме, Ремс водеа со 13-10, но повредата на Одел Бекам Џуниор, кон крајот на втората четвртина, потполно го промени текот на настаните.
Синсинати поведе во третата четвртина со дискутабилен тачдаун, но ,,Овните” дојдоа до трофејот на минута и пол пред крајот.
Херој во нападот на Ремс беше прогласениот МВП, Купер Кап, со два тачдауни и со 92 освоени јарди, а уште еден тачдаун додаде гореспоменатиот Одел Бекам Џуниор.
Квотербекот Метју Стафорд дојде до првиот прстен во својата кариера, откако го заврши финалето со 283 јарди од 26/40 комплетирања, со два тачдауни и со три пресечени додавања.
Сепак, човек на одлуката беше најдобриот дефанзивец, Арон Доналд, кој му направи сек на противничкиот квотербек, Џоу Бароу, на четврти даун во последната минута.
Бероу освои 263 јарди со 22/33 додавања и имаше еден пас за тачдаун кон Ти Хигинс.
Хигинс, исто така, фати уште едно тачдаун-додавање, но од својот ранинг бек, Џоу Миксон, кој истрча 72 јарди во текот на мечот.
Факти:
– Овој дуел помеѓу Ремс (овни) и Бенгалс (бенгалски тигри) е петти Супер Боул во историјата во кој се соочиле два клуба со животински суфикс
– Супер Боул 56 е дуел на двајца квотербекови, кои биле први пикови – Метју Стафорд (2009) и Џоу Бароу (2020)
– Шон МекВеј (ЛА Ремс, 36) и Зек Тејлор (Синсинати, 38) се најмладите тренери во еден Супер Боул со вкупно 74 години
– Ендру Витворд (ЛА Ремс, 40) е единствениот играч, кој во Супер Боул бил постар од главните тренери и на двете екипи
– Шон МекВеј (36) е најмладиот тренер што освоил титула заедно со Мајк Томлин (36, Питсбург Стилерс во 2009)
– ЛА Ремс е вториот тим во историјата, кој играл Супер Боул на домашен терен, односно прв после Тампа Беј Баканирс од минатата сезона
– Џоу Миксон е третиот ранинг бек во историјата со пас за тачдаун во Супер Боул после Лоренс МекКачон и Роберт Њухаус
– Прв пораз во плејоф во кариерата на Џоу Бароу (колеџ + НФЛ)
– Ремс, во 2000, освоија титула со седиште во Ст. Луис, а денес како претставници на Лос Анџелес. Единствен тим со две различни локации на своите трофеи е Колтс (Балтимор и Индијанаполис)
*Во соработка со НФЛ Македонија*




