Во еден од најинтересните и највозбудливите дуели во колеџ-фудбал во изминатата година, Лујвил Кардиналс славеа над УЦФ Најтс со 42-35.
На мечот, тачдауните паѓаа во секоја четвртина со тоа што Кардиналс постигнаа во шест, а Најтс – во пет наврати.
Највозбудливо беше во самиот финиш, кога при резултат од 35-35, Тре’мон Морис-Браш пресече додавање на 30 секунди пред крајот и ги стави Најтс во одлична позиција за победа.
Сепак, само пет секунди подоцна, Џејлин Алдермен возврати со иста мера и дури ја внесе топката во противничката енд-зона за втората победа на домаќините во сезоната.
Од гостинскиот состав, квотербекот Дилон Габриел освои 206 јарди и постигна еден тачдаун со трчање, еден со фаќање и три со додавање.
Освен него, тачдаун-пас имаше и Рајан О’Киф, кој исто така поентираше еднаш, како и Џејлон Робинсон и Џордан Џонсон.
На спротивната страна, Малик Канингем на квотербековската позиција освои 265 јарди со додавање, 99 јарди со трчање, постигна два тачдауни со пробивање и еден со фрлање.
Освен него, во листата на поентерите се запишаа уште Џејлен Митчел, Маршон Форд и Иван Конли.
Шутерите и на двете екипи, Џејмс Тарнер и Даниел Обарски имаа стопроцентен учинок од ударите за екстра-поени.
После овој меч, како Лујвил, така и УЦФ, имаат учинок од 2-1, доволен за шестото, односно за четвртото место во своите дивизии.
Во соработка со НФЛ Македонија