
Во репризата на финалето од минатата НРЛ сезона, Парамата Илс ги поразија Пенрит Пантерс со 17-16.
За ,,Јагулите”, ова беше возвраќање на ударот од почетокот на октомври, кој им ја донесе првата овосезонска победа.
Во регуларниот дел од натпреварот, двете екипи правеа по две серии од по 8-0, а во дополнителниот период, Митчел Мосес погоди дроп-гол за домашен триумф.
Мосес беше одговорен за вкупно девет поени на својот тим, а по еден есеј постигнаа Брајс Картрајт (14′) и Брендан Хендс (56′).
Од противничкиот табор, Нејтан Клери погоди две конверзии и два пенали, а положување имаа Дилан Есвардс (33′) и Зек Хоскинг (71′).
На табелата, Парамата скокна на тринаесеттото место, додека Пенрит падна на петтата позиција.