Во осминафиналето на Грчкиот куп, ПАОК во двомеч го елиминираше составот на АЕЛ Лариса со вкупни 4-2.
Во Лариса, актуелните второлигаши успеаја да изборат реми од 1-1, но вчера, во Солун, беа поразени со 3-1.
ПАОК доминираше во текот на цел натпревар на домашен терен, а првиот гол го постигна во 23. минута, кога Николаос Гоцаманидис ја затресе сопствената мрежа.
Во 62. минута, поранешниот член на шкотскиот Хамилтон, Мариос Огбое, се запиша во листата на стрелците и израмни на 1-1.
Сепак, во финишот, ПАОК ја потврди својата доминација со двата погодоци на резервистот Чаба Акпом (82′, 90+1′), кој во завршните мигови од средбата доби и втор жолт картон.
Освен ПАОК, во четвртфиналето на Грчкиот куп се пласираа уште Олимпијакос, Кардица и Панетоликос, додека денес ќе се дознаат и останатите четири екипи.