
Атланта Хокс, синоќа го запишаа првиот пораз од Орландо Меџик во 2021, откако загубија со 98-104.
Хокс имаа солиден почеток на мечот, но гостите од Флорида поведоа со 11-12 и ја задржаа предноста до самиот крај.
Кај Атланта, Кем Редиш беше најефикасен со 34 поени, а дабл-дабл уфрли Џон Колинс (28 поени и 12 скокови).
На спротивната страна, две двоцифрени статистики имаше Робин Лопез (10 кошеви и 11 асистенции), а поентерски најрасположен беше Германецот Франц Вагнер со 25 поени.
На Истокот, Орландо (7-25) ја зазема претпоследната позиција, додека Атланта (14-16) го држи единаесеттото место.