
Во првото дерби на Флорида во 2023, Флорида Пантерс ја запишаа и првата овосезонска меѓусебна победа над Тампа Беј Лајтнинг, совладувајќи ги со убедливи 7-1.
Домаќините поведоа уште во осмата минута и ја држеа својата предност до самиот крај, а од друга страна, Никита Кучеров го заби единствениот гол за гостите за намалување на провизорни 2-1.
Од редовите на ,,Пантерите”, двојни стрелци беа Картер Верхеги и Метју Ткачак, а по еднаш реализираа Сем Бенет, Еету Луостаринен и Ерик Стаал.
Во Источната конференција, Тампа го држи петтото, а Флорида – единаесеттото место.