Цвикау на македонската репрезентативка Симона Маџовска, славеше важна победа во Бундес лигата на гостински терен кај Ваиблинген со 26:27.
Маџовска беше маестрална со 9 погодоци, 3 асистенции и 1 украдена топка и беше најзаслужна за бодовите и победата на нејзиниот тим. Поради тоа сосема заслужено ја доби наградата МВП на колото во Бундеслигата.