
За првпат во историјата на НХЛ, во четвртата натпреварувачка недела се соочија две екипи, кои имаа стопроцентен учинок после првите девет натпревари.
Имено, Флорида Пантерс ја прекинаа победничката серија на Каролина Хурикејнс, откако ги поразија со 5-2.
Веќе после првата третина, Пантерс најавија триумф со 26,67% ефикасност, односно со четири голови од петнаесет шутеви.
Во првиот дел, во листата на стрелците за домашниот состав се запишаа Ентони Дуклер, Френк Ватрано, Антон Лундел и Патрик Хорнквист.
Во вториот период, Јенсен Фаст и Винсент Трочек стрелаа за намалување на дефицитот на Хурикејнс на 4-2, а во последната минута, со вториот гол на мечот, конечниот резултат го постави горенаведениот Дуклер.
После единаесет, односно после десет средби, Флорида го зазема првото, а Каролина – второто место во Источната конференција.



