Палмеирас е нов шампион на Копа Либертадорес и ќе ја претставува Јужна Америка на Светското клупско првенство. Натпреварот беше тврд и без многу шанси, а јунак на финалето е Брено Лопес кој погоди со глава во 98-ма минута. За Палмеирас ова е втора континентална титула по таа од 1999 година.