Жерард Делофеу кој е 26-годишен крилен напаѓач од Вотфорд направи дефинитивен трансфер во Удинезе. Некогашниот фудбалер на Барселона, Милан, Евертон, Севилја и Вотфорд, е дете на каталонскиот гигант, но таму не ги исполни очекувањата како еден од најголемите таленти во школата „Ла Масија“. Делофеу е откупен за 17 милиони евра и потпиша договор до 30 јуни 2024 година.