Денес беше завршена интернационалната крикет серија во Т20 формат во којашто се соочија Нов Зеланд и Пакистан.
Претставниците на Океанија ја добија серијата уште после вториот натпревар, кога поведоа со 2-0. Сепак, на третата средба, Пакистан го возврати ударот и успеа да спречи ,,чистка”, триумфирајќи со 173/7 (20) – 177/6 (19.4).
Во првиот ининг удираа домаќините, а од нив најдобар беше Девон Конвеј со 63 поени. Од пакистанските фрлачи, викети освоија Шахин Африди (2-43), Харис Рауф (2-44) и Фахим Ашраф (3-20).
Од Пакистанците, најмногу поени постигна Мохамад Ризван (89) со просек од 1,5 поени по топка. Освен него, над дваесет бодови донесе и Мохамад Хафиз (41). Од противничките фрлачи, Тим Саути и Скот Кугелајн освоија по два викети.