Влијателното британско списание The Economist го прогласи Окленд од Нов Зеланд за најдобар град за живеење во светот, во споредбата со 139 други градови.
Меѓу десетте најдобро рангирани градови се наоѓаат:
1. Окленд (Нов Зеланд)
2. Осака (Јапонија)
3. Аделаида (Австралија)
4. Велингтон (Нов Зеланд)
5. Токио (Јапонија)
6. Перт (Австралија)
7. Цирих (Швајцарија)
8. Женева (Швајцарија)
8. Мелбурн (Австралија)
10. Бризбејн (Австралија)
Окленд е најголем град на Нов Зеланд со речиси 1,5 милиони жители, но не е главен глад. Тој примат му припаѓа на Велингтон. Се наоѓа на северниот дел од земјата, односно на Северен Остров, помалиот, но понаселениот од двата главни новозеландски острови.