
По вторпат во низа, односно по третпат во сезоната, Оукленд Атлетикс славеа во калифорниското дерби против Сан Франциско Џајантс.
Имено, синоќа, Џајантс го запишаа вториот врзан пораз, откако загубија на ,,О.ко Колисеум” со резултат од 4-1.
Играчите на Оукленд поентираа по двапати во четвртиот и во седмиот ининг, а заслужни за тоа беа Џед Лоури, Јан Гомес, Марк Кања и Старлинг Марте.
За Џајантс, единствен играч што донесе поен беше Мајк Јастрземски, кој постигна хоум-ран во петтиот период за намалување на 2-1.
И покрај поразот, Сан Франциско (78-44) остана на врвот на Националната лига, додека Оукленд (70-53) е петти во Американската Лига.



