
Синоќа, по петти пат во низа во меѓусебните дуели, Торонто Блу Џејс ги надиграа Оукленд Атлетикс, откако славеа со 8-0.
На мечот, претставниците на Канада постигнаа три поени во вториот, четири поени во третиот и еден поен во четвртиот ининг за да дојдат до конечниот резултат.
Од поентерите, Маркус Семиен и Алехандро Кирк забележаа по еден хоум-ран, додека со освојување на четири бази поентираа уште Бо Бишет, Лурдес Гуриел и Владимир Гереро Џуниор.
Од фрлачите, неверојатен за Торонто беше Роби Реј, кој за 6.2 ининзи допушти само една база и освои десет страјк-аути.
Со оваа победа, Торонто му ја одзеде на Оукленд седмата позиција во Американската лига и го спушти на осмото место.



