Македонското дуо Митков – Костески беа расположени за голови за тимот на Холабрун кој за жал доживеа пораз во првото коло во Австриската Челинџ лига со 28:29 од тимот на Фунфхаус.
Десниот бек Влатко Митков постигна 5 голови на овој натпревар, додека десното крило Никола Костески беше стрелец на 4 погодоци на овој натпревар. Следен предизвик за тимот на нашите интернационалци е гостувањето во Грац.



