
По двата врзани порази, Отава Сенаторс ја запишаа четвртата победа во низа, совладувајќи ги Далас Старс со 4-2.
На мечот, Далас поведе во првата третина со голот на Јоел Кивиранта, а Канаѓаните израмнија во финишот на вториот период преку Томас Шабо.
Во третиот дел, победа на домаќините им донесе серијата од 3-0, кога реализираа Брејди Ткачак, Шејн Пинто и Дерик Брасар, а на две минути пред крајот, дефицитот на Старс го намали Вајат Џонстон.
Во Западната конференција, Далас остана на првото место барем за момент, додека Отава е шести тим на Истокот.




